Connect with us

Ракомет

Какво признание за нашиот Кире Лазаров, Нант го стави на ѕидот на легендите (ФОТО)

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, а во моментов селектор, Кире Лазаров доби уште едно големо признание, што само покажува за каква ракометна величина станува збор. Имено, францускиот клуб Нант го стави нашиот Кире на ѕидот на клупските легенди. Лазаров боите на оваа екипа ги бранеше од 2017-та до 2022 година, за тој период со тимот играше  во финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2017/2018,  освои трофеј во Лига купот, во Трофејот на шампионите, еднаш финалист во Купот на Франција, и двапата беше вицешампион на таа земја.