Кошарка
„Кале“ ќе грми, сите билети распродадени, парите ќе одат за лекување на Леонид
Билетите за натпреварот Македонија – Естонија во рамки на квалификациите за Евробаскет 2025 се распродадени!
Вратите на СРЦ Кале, за сите оние кои успеаја да купат билет, ќе бидат отворени од 18:00 часот.
Натпреварот започнува во 19:00 часот.
Македонската кошаркарска федерација се приклучува во акцијата за собирање на средства потребни за лекување на Леонид Индов.
Комплетниот приход од продадени влезни билети од натпреварот Македонија-Естонија, кој се игра вечерва во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, ќе биде насочен како донација за понатамошно лекување на 18. годишниот Леонид, со надеж за негово што поскоро закрепнување.