Фудбал
Калиниќ заминува од Италија – Милан доби понуда
Никола Калиниќ, веројатно, ќе го смени клубот на лето. „Calciomercato“ објави дека Милан ја доби првата официјална понуда за хрватскиот напаѓач и сега никој не верува дека тој ќе остане во Италија уште една сезона.
Понудата стигна од Локомотив Москва, каде што игра Ведран Чорлука, но се уште не знае колку понудиле за Хрватот. Минатото лето Милан го откупи неговиот договор од Фиорентини за 25 милиони евра, но неговата вредност сега е намалена на 16 милиони на трансфер – маркетот бидејќи постигна само шест голови во оваа сезона.
Сепак, „Calciomercato“ тврди дека Калиниќ не сака да оди во Русија.