Connect with us

Други спортови

Камшикување и злоставување-поради оваа компромитирачка снимка, шампионката се повлече од Олимписките игри (ВИДЕО)

Најнаградуваната британска олимпијка Шарлот Дужардин се повлече од Олимписките игри во Париз. Трикратната олимписка шампионка во коњи и шесткратна олимписка медалистка објави дека се пензионира поради компромитирачкото видео кое се појави.

„Излезе видео од пред четири години, на кое се гледа како сум згрешила во расудувањето на тренинзите. Секако, Меѓународната коњичка федерација покрена истрага и јас донесов одлука да се повлечам од сите натпреварувања, вклучително и Олимпијадата во Париз, до процесот е завршен“, објави познатата спортистка.

Најпрво не беше јасно за какво видео се работи, а потоа британските медиуми открија дека се работи за злоупотреба на животни. На видеото кое се појави, Шарлот дури 24 пати го камшикуваше еден од нејзините коњи за време на тренингот.

„Тоа што се случи беше целосно надвор од контекст и не го одразува начинот на кој ги тренирам моите коњи, но нема изговори. Длабоко се срамам и требаше да дадам подобар пример“, напиша славната шампионка. Т

Advertisement