Connect with us

Фудбал

Канатларовски пред дуелот со Франција: Тие се апсолутен фаворит, но нема да се предадеме

Нашата фудбалска репрезентација до 21 година денеска го започнува квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2023 година. Ле Ман е местото каде што младата репрезентација на Македонија ќе се сретне со Франција.

-Очекуваме тежок натпревар, Франција е апсолутен фаворит во нашата група. Нема да се предадеме, ќе го дадеме максимумот, очекувам да одиграме на високо ниво, верувам во моите фудбалери. Се соочивме со проблем на стартот на подготовките, четворица наши стандардни фудбалери не се на располагање, но што е тука е. Останатите фудбалери тренираа одлично, ги разбираат моите идеи. Желбата за докажување е огромна. Со нетрпение го очекуваме натпреварот, -рече Канатларовски.

Дуелот меѓу Франција и Македонија се игра денес во 19:30 часот.