Connect with us

Фудбал

Кандидат за претседател на Барса: Клубот би можел да банкротира

Еден од кандидатите за нов претседател на Барселона Виктор Фонт предупредува дека клубот би можел да банкротира.

-Веќе извесно време ја предупредуваме Барселона дека клубот се движи кон „совршено невреме“, момент кога ќе мора да ја замени најдобрата генерација во историјата. Сето тоа мора да биде направено така што ќе се сочува сопствеништвото над клубот во рацете на неговите членови, но и конкурентност во сите категории и селекции. Доколку тие ризици беа големи, сега се огромни. Во сред пандемија сме која ќе има големи последици за сите сфери на животот, па и на спортот. Со месеци гледаме срамна ескалација на инциденти во клубот, а секој нов инцидент само ја покрива големината на претходниот, вели Фонт.

Единствениот начин според него е промена на раководните структури и начинот на функционирање со што колку толку би се спасил клубот.