Ракомет
Кањељас: Немаме притисок пред гостувањето во Германија
Вардар вечерва ќе ги одмери силите против германскиот шампион Рајн Некар Левен. Европскиот шампион има обезбедено тикет за следната фаза од Лигата на шампионите, иако имат за играње уште шест натпревари од групната фаза.
„Мислам дека немаме толку притисок. Повеќе притисок имавме кога го игравме мечот пред една недела бидејќи мораше да победиме дома. Освоивме два бода дома против Рајн Некар, па доколку успееме да освоиме бод или два на ова гостување ќе биде одлично бидејќи така ќе го зацврстиме првото место во групата. Сепак, тешко е кога се игра во Германија. Имаме шанса против секоја екипа и мислам дека сме подготвени за овој натпревар за да се надигруваме и за да победиме, но знам дека ќе биде многу тешко“ , изјави искусниот шпански ракометар.
Директниот дуел за првото место во групата започнува во 19.00 часот.