Фудбал
Кансело на раскрсница, Манчестер Сити ја намалува цената но Барселона се уште не може да плати!
Се врати во Манчестер Сити по позајмицата во Баерн Минхен и откако германскиот клуб не ги задржа и не ги плати бараните 70 милиони евра, иднината на Жоао Кансело може сепак да биде во Англичаните.
Како што пишува „Спорт“, Гвардиола размислува да му даде втора шанса на португалскиот дефанзивец, кој минатата година ја загуби стартната позиција, а потоа на средина од сезоната замина во Германија.
Очите на Барселона остануваат кон Кансело, но во моментов не можат да си дозволат удар од оваа големина. Сити бара 50 милиони евра за ослободување на бекот, бројка недостижна за Каталонците, но подостапна за Арсенал, заинтересирани се и Топџиите ..