Фудбал
Капитенот на репрезентацијата на Перу, Паоло Гереро бил позитивен на допинг тестот по мечот со Аргентина
Капитенот на репрезентацијата на Перу, Паоло Гереро бил позитивен на допинг тестот по мечот со Аргентина во рамките на квалификациите за пласман на СП во Русија.
Според неофицијални информации Паоло Гереро треба да добие две годишна суспензија, тој привремено доби забрана за играње од 30 дена.
„Претседателот на Дисциплинската комисија на ФИФА извести дека на Гереро му е изречена суспензија од 30 дена. Во неговиот примерок е пронајдена голема количина на стимулативни средства, но засега тој не се води како позитивен”, стои на официјалната страница на федерацијата на Перу.
Перу без својот капитен ќе мора да одигра два натпревари во квалификациите, против Нов Зеланд на 11. и 15. овој месец.