Connect with us

Фудбал

Капитенот не го напушта „Енфилд“: Хендерсон потпиша нов договор со Ливерпул

Џордан Хендерсон останува на „Енфилд роуд“ откако денеска потпиша нов повеќегодишен договор со „црвените“.

„Ја сакам секоја минута помината во овој клуб, но и на теренот за овој дрес, како во добрите, така и во лошите моменти, уживам играјќи за овој клуб, колку повеќе можам, толку подобро, сакам да бидам тука најдолго што е можно, секогаш сум го велел тоа“ рече популарниот „Хендо“.

Тој во 2011 година дојде од Сандерленд и досега има 394 настапи за „црвените“.