Фудбал
Карабао куп: Каква беше ждрепката за полуфинале?
Полуфиналисти во Карабао купот се екипите на Њукасл, Нотингем Форест, Саутемптон и Манчестер Јунајтед.
Нотингем Форест го победи Вулверхемптон на пенали и се пласираше во оваа фаза од турнирот, додека Саутемптон го приреди големото изненадување и го елиминира Манчестер Сити со 2-0.
„Страчките“ се справија со Лестер, а „црвените ѓаволи“ го елиминираа третолигашот Шарлан со 3:0.
Ждрепката за полуфиналето беше извршена веднаш по последните натпревари од четвртфиналната фаза.
Саутемптон ќе биде домаќин на Њукасл, а Нотингем Форест ќе биде домаќин на Манчестер Јунајтед, на пат за сите четири екипи да се пласираат во финалето на турнирот.
Натпреварите ќе се играат во неделата која започнува од 23 јануари.
Your confirmed Semi-Final ties as Wembley awaits 😍#EFL | #CarabaoCup pic.twitter.com/YZVVYkJtSt
— Carabao Cup (@Carabao_Cup) January 11, 2023