Connect with us

Ракомет

Карачиќ: И покрај проблемите со финансиите и повредите успеавме, горд сум на овие играчи

Игора Карачиќ изјави дека се гордее на овие момци и пограј големите проблеми кои ги имаат тие пак ги израдуваа своите фанови.

„Знаевме како да го одиграме овој меч, стручниот штаб одлично нè подготви. Без многу нервози и тензии дадовме сè од себе и на спортски начин Вардар пак е шампион на Европа. И покрај проблемите со финансиите и повредите успеавме, горд сум на овие играчи. Секој од нас ја заслужи наградата за најдобар ракометар на овој турнир, не само јас“, рече Карачиќ.

Вардар утревечер пристигнува во Скопје, а македонските фанови се подготвуваат за достојно да ги пречекаат.