Connect with us

Ракомет

Карачиќ пред финалето во СЕХА: Конечно, на сите им стана јасно што претставува Вардар

Вечерва Вардар против Веспрем игра финале во СЕХА лигата. За специјализираниот интернет сајт „balkan-handball“ Игор Карачиќ, поранешен член на „црвено-црните“, кој беше во составот на нашиот тим во шокантната победа над Барселона минатата сезона, порача дека веројатно сега на сите им стана јасно кој и што е Вардар. Ова тој го коментираше на прашањето за последните десетина минути на полуфиналниот меч со Загреб.

-Тоа сме го виделе 100 пати до сега. Веројатно конечно на сите им стана јасно. Карактерот е нешто што го краси Вардар додека постои. На оваа екипа и треба време да се воигра, се е некако ново. Навистина очекувам нивен напредок од меч во меч. Покрај неоспорниот карактер кој го докажаа, во тој тим има квалитет, само потребно е време, вели Карачиќ.

Според него Веспрем е фаворит, но се е можно. Финалето се игра вечерва во 20:30 часот.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com