Connect with us

Фудбал

Карагер објасни зошто Ливерпул нема да стане шампион

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер објасни по ремито 2:2 со Челзи зошто тимот нема да ја освои титулата оваа сезона.

„Ливерпул водеше во своите натпревари 17 пати оваа сезона. Како Манчестер Сити. Но Сити ги доби сите тие натпревари, а Ливерпул само 12. Ова е разликата што го сопнува тимот на првото место.

И уште нешто – Ливерпул нема контрола врз играта на своите натпревари оваа сезона. Ова го видовме и против Челзи. Во последните пет пати, кога водеа резултатски, фудбалерите на Ливерпул победија само еднаш. И тоа е разликата со Мен Сити, која скапо ќе го чини Ливерпул“, изјави Карагер.

Реклама

Facebook

Реклама