Кошарка
Карамело потпиша едногодишен договор со Хјустон
Кошаркарот Ентони Карамело официјално ќе ја продолжи кариерата во Хјустон рокитс.
Тој денеска допатува во Хјустон и откако ги помина лекарските прегледи потпиша едногодишен договор вреден 2,4 милиони долари.
За 34-годишниот кошаркар ова беше бурно лето бидејќи Оклахома Сити тандер го разменија со Атланта хоукс, по што тој го раскина договорот и стана слободен играч.
Карамело минатата сезона ја заврши со просек од 16,2 поени по натпревар, што е најлош резултат во неговата кариера.
Иако за неговите услуги се интересираа уште неколку клубови, Кармело го избрал Хјустон поради амбициозноста на прoектот.