Connect with us

Кошарка

Кари и Голден Стејт се враќаат на победничка патека, бранителот пресилен за Клиперс

Бранителот на титулата Голден Стејт го совлада Лос Анџелес Клиперс со 141:113 на противникот му го нанесе вториот последователен пораз сезонава.
Стефан Кари имаше учинок од 31 поен, пет скока и шест додавања додека Кевин Дурент забележа 19 поени и седум освоен топки под обрачите.

Во поразениот тим најефикасен со 19 поени беше Данило Галинари, а Лу Грифин беше стрелец на 14.

Филаделфија како гостин славеше над Хјустон со 115:107 и ја забележа третата победа. Бен Симонс мечот го заврши со 24 поени, седум скока и девет асистенции, Џоел Емблајд додаде 22 поени и девет скока додека во во редовите на Хјустон, Џемс Харден впиша 29 поени и седум асистенции, а Ерик Гордон постигна 25 поени.

Во останатите натпревари:
Бостон – Сан Антонио 108:94
Мајами – Минесота 122:125
Њујорк – Денвер 116:110
Јута – Далас 104:89
Мемфис – Шарлот 99:104
Њу Орлеанс – Орландо 99:115 и
Портланд – Торонто 85:99