Кошарка
Кари ќе пропушти уште пет меча
Најдобриот кошаркар на Голден стејт, Стеф Кари, нема да може да му помогне на својот тим во наредниот период поради повреда, потврдија направените лекарски прегледи. Шутерот се повреди на дуелот со Милвоки во второто полувреме, а се работи за повреда на препоните. Од Голден стејт најавија дека Кари ќе патува со тимот, но нема да игра на наредните мечеви. Тој веќе пропушти три меча, а според најавите нема да игра и на наредните пет средби. По десетина дена, кошаркарот повторно ќе замине на лекарски прегледи за да се констатира дали е целосно подготвен за продолжување на сезоната.
Резултати: Хјустон – Голден стејт 107:86, Денвер – Атланта 138:93, ЛА Клиперс – Сан Антонио 116:111.