Кошарка
Кари со 32 поени не го спаси Голден Стејт од пораз на гостувањето кај Јута
Бранителот на трофејот во НБА-лигата, тимот на Голден Стејт, ноќеска на гостувањето кај Јута го забележа 11. пораз оваа сезона. Ниту 32 поена на Стеф Кари и 30 на Кевин Дурант не беа доволни „воините“ да го избегнат поразот.
Резултати на натпреварите одиграно ноќта среда кон четврток:
Шарлот – Кливленд 110:99
Орландо – Сан Антонио 90:129
Филаделфија – Њујорк 131:109
Бостон – Феникс 103:111
Торонто – Индијана 99:96
Чикаго – Бруклин 93:96
Хјустон – Вашингтон 136:118
Милвоки – Њу Орлеанс 123:115
Минесота – Детроит 123:129 (по продолжение)
Јута – Голден Стејт 108:103
Портланд – Мемфис 99:92
Сакраменто – Оклахома сити 113:132.
Пласман Западна конференција: Денвер 21-9 (победи-порази), Оклахома 20-10, Голден Стејт 21-11, ЛА лејкерс 18-13, Портланд 18:13, ЛА клиперс 17-13,…
Пласман Источна конференција: Торонто 24-9, Милвоки 21-9, Филаделфија 21-12, Индијана 20-12, Бостон 18-12,…