Connect with us

Кошарка

Кари: Верувам дека на крајот ќе славиме

Во финалната серија одлична игра покажува Стеф Кари, но нема поддршка од останатите соиграчи.

„Моменталното чувство секако не е добро, но себа барем знаеме како е да се биде на двете страни од ваквите ситуации“, рече Кари па додаде:

„Ние имаме шанса да ја свртиме оваа серија, но битно е да одиме натпревар по натпревар. Во соблекувалната зборувавме за вербата, а сите од моите соиграчи веруваат дека можеме да се вратиме и да славиме на крајот. Тоа, просто мора да го направиме, имаме искуство во ситуации каде сме притиснати“, рече Стеф.

„Рапторси“ водат со 3:1 во серија, а петтиот, можеби и последниот натпревар се игра вечерта помеѓу понеделник и вторник.