Connect with us

Тајмаут

Карлеуша знае кој ќе биде Светски шампион: Дали е во право?

Популарната српска пејачка Јелена Карлеуша има свој фаворит на Светското првенство.

Иако Србија веќе испадна во групната фаза, Карлеуша очигледно како сопруга на фудбалер, сé уште ги следи настаните во Русија.

Веројатно беше следен и последниот натпревар помеѓу Русија и Хрватска, па таа остана воодушевена од играта на Хрватите за кои вели дека ќе бидат Светски шампиони.

“Хрватите ќе победат на Светското. Секако тоа го заслужуваат”, напиша Јелена на Твитер.

Карлеуша и претходно објавуваше на социјални мрежи за време на Мундијалот, а особено кога играше Србија. Потоа, меѓу другото, не можеше да не го повика селекторот Младен Крстајиќ, на кој му замери што нејзиниот сопруг не играше на натпреварот против Бразил.

“Тоа се случува кога игра едно дете, наместо брутално добар одбранбен играч”, напиша тогаш Карлеуша.

https://twitter.com/karleusastar/status/1016025349967286272