Кошарка
Кармело Ентони потсети на славните денови, Бакси подобри од Портланд (ВИДЕО)
Ноќта помеѓу цетврток и петок, се одиграа само два НБА натпревари одиграни, но немаше возбудувања.
Милвоки Бакс беше домаќин на Портланд Трејле блејзерите и ја славеја победа со резултат 137:129. Тоа беше дванаесеттиот триумф на Бакси во сезоната.
Домашната екипа беше во водство во текот на целиот натпревар (имаа максимум +16) иако Блејзерите во неколку наврати сериозно се заканија дека целосно ќе се вратат во натпреварот. Посебно, гостите одиграа добра во третата третина, а како што продолжија во добар ритам во четвртата третина, го намалија заостанувањето на само два поени. Сепак, селедуваше серија со која Бакси го реши натпреварот.
Најефикасен кај победничкиот тим беше Ерик Бледсо кој постигна 30 поени, додека уште еден одличен натпревар го обезбеди Антетоканмпо. Грчкиот Фрејк го заврши натпреварот со трипл-дабл од 24 поени, 19 скокови и 15 асистенции.
Прекрасната игра на Блејзерс ја обезбеди Cеј Мек Колум кој постигна 37 поени и забележа шест скока и 10 асистенции. Лабисиер имаше дабл-дабл од 22 поени и 12 скокови, додека Кармело Ентони беше одличен и покажа дека сепак може да биде корисен – постигна 18 поени и собра седум скока и четири асистенции.
Треба да се напомене дека блејзерите беа без Лилард кој има проблеми со грбот.
Исто така интересно беше синоќа во Аризона каде што Феникс беше домаќин на Њу Орлеанс Пеликанс.
Гостите беа поуспешни и ја прославија победата со резултат 124:121 во интересен натпревар. Одлучувачката улога ја имаше Брендон Инграм кој ја презеде одговорноста во четвртиот дел.
Инграм на крајот беше најефикасен поединец на натпреварот со 28 поени. Во победничкиот тим се најдоа Џеј-Џеј Редик со 26 и Џру Холидеј со 23 поени.
Кај Феникс најефикасен беше Оубре со 25 поени.