SPORTM.mk
КАС ја потврди казната од 10 години за Скендербег
Спортскиот арбитражен суд (КАС) во Лозана ја отфрли жалбата на албанскиот клуб Скендербег (Корча) да се запре извршувањето на одлуката на УЕФА или барем привремено да биде одложеноисфрлањето на тимот од европските клупски натпреварувања. Жалбата на Албанците беше поднесена на 26-ти април оваа година.
На 29-ти март 2018-та година, Контролната, Етичката и Дисциплинската комисија на УЕФА го прогласи Скендербег за виновен за местење на натпревари со цел профит од обложување.
Поради оваа причина, одлуката на предметната комисија беше да го извади албанскиот тим од Европските клубски турнири за наредните 10 години и им наложи глоба во износ од 1 милион евра.
Тимот од Корча ја обжали одлуката пред Апелационата комисија на УЕФА, но таа пак го потврди мислењето од првата инстанца. На 14-ти мај Албанците внесоа нова жалба, веќе во КАС, со цел запирање на извршувањето на казната, а потоа внесоа втора жалба, поради одбивањето пред Апелационата комисија.
Второто барање беше одбиено денес, а случајот продолжува со сослушувањето на странките, што ќе биде дополнително закажано.