Поврзи се

Тајмаут

Каскадерски потег: Не, ова не е холивуд, туку Мото3

Љубителите на мото трките вчера можеа да уживаат во трките што се одржаа во Франција, Ле Манж, а најголемо внимание привлечеше трката во Мото3.

Обично таквите категории служат само за “загревање” пред спектаклот и трката на МотоГП, но овој пат сликите и снимките од трката во Мото3 го обиколија светот. Во центарот на вниманието беше чешкиот возач Јакуб Корнфил кој направи каскадерски потег.

Имено, еден од возачите паднал пред него, а Корнфил направил се за да го избегне неговиот колега, за да не го повреди сериозно. Тој одлучи да оди во “очи в очи” со моторот и на восхитот на многумина успеа да премине преку него и да остане на тркалата. Овој потег навистина вреди да се погледне!

ФОТО

loading...

Повеќе од Тајмаут