Connect with us

Ракомет

Кастратовиќ со победа дебитираше на клупата на Металург

Металург на гостински терен славеше против Пелистер во рамките од 7.коло со 24:27. Ова е прв натпревар кој го водеше новиот тренер на тимот од Автокоманда Зоран Кастратовиќ.

Металург на оваа средба настапи без Даниел Дупјачанец, Милан Лазаревски, Мартин Серафимов и без Стефан Додиќ.

Во следното коло во Автокоманда ќе се одигра дерби средбата меѓу Металург и екипата на Охрид.