Connect with us

Фудбал

Каталонија на нозе, Меси ја подготвил листата, Барселона е на потег

Не е тајна дека Лионел Меси и тоа како се прашува кога се во прашање трансферите на Барселона, односно за продажбата и купувањето на играчите.

Каталонците се обидуваат да го продолжат договорот со Аргентинецот, а според дел од медиумите, ќе успеат во намерата само доколку му ги исполнат желбите. Тоа секако се трансферите.

Умтити е на излезна врата, Пике се ближи кон пензија, па раководството на Барселона треба да одлучи Шкриниар (Интер) или Кулибали (Наполи).

Самедо разочара, Серхи Роберто не е класа како што е Алба на левата бековска позиција, а решението се гледа во Џошуа Кимих.

Прашањето за средниот ред се уште е отворено, засега желбата на Меси не е позната, но затоа е јасно што сака во нападот.

Вистинска „бомба“ како што е Мбапе не е многу реална, па опциите се Салах (Ливерпул) и Санчо (Борусија Дортмунд).

Се очекува дел од овие имиња да пристигнат по завршувањето на сезоната, односно наредното лето.