SPORTM.mk
Каталонски Мундо “го повикува” Пјаниќ на Камп Ноу
На Камп Ноу не можат да бидат задоволни со досегашната работа на трансфер пазарот, особено поради фактот дека не успеа да се договорат за доаѓањето на Гризман од екипата на Атлетико Мадрид.
Освен тоа што не успеа трансфер на Гризман, гневот на навивачите на Барсана себе го навлече и Жерар Пике кој учествувал во документарниот филм за одлуката на големиот Французин да остане во Атлетико. Затоа лидерите на Барса мораат ова лето да „тргнат“ по ново засилување за да го намалат незадоволството на навивачите.
Наводно, Барса сака да го засили нападот и средниот ред, а „Мундо Депортиво„ пишува дека Миралем Пјаниќ, е првата желба на лидерите на Барса.

Така шпекулациите за доаѓањето на Пјаниќ во Барселона продолжуваат и покрај фактот што Старата дама подготвува за него нов побогат договор.
Каталонците се свесни дека ќе имаaт многу тешка задача ако сакаат да го доведат Пјаниќ на Камп Ноу.
Дали ќе има официјална понуда на Барса за Пјаниќ, чиј актуелен договор со Јувентус истекува во 2021 година, останува да се види.