Connect with us

Кошарка

Катастрофа на МЗТ Скопје на дуелот со Партизан

Катастрофален пораз на МЗТ Скопје во пресметката со Партизан во АБА лигата од 120:67.

Партизан уште од самиот старт играше добро предводен од Ален Смаилагиќ кој иако не беше во стартниот состав беше најдобар стрелец.

Ален Смаилагиќ го заврши натпреварот со 24 поени, Алекса Аврамовиќ постигна 18, додека Тристан Вукчевиќ додаде 13. Џем Мадар постигна 14 поени, а сите играчи на Партизан поентираа од поле. Кај нашиот МЗТ Скопје најефикасен беше Стојановски со 16 поени.

Партизан е лидер на табелата со 28 бодови пред Црвена Звезда и Цедевита, а МЗТ Скопје е на последното место со само две победи.

Advertisement