Фудбал
Кавга во Реал Мадрид: Анчелоти сака нов напаѓач, Флорентино Перез не мисли така
Реал Мадрид покажа активност на почетокот на преодниот рок, но големо прашање е дали „кралевите“ завршија со привлекување нови играчи. Така не сака да мисли тренерот Карло Анчелоти, кој инсистира да доведе уште еден квалитетен напаѓач како замена за Карим Бензема. Сепак, шпанските медиуми велат дека клубот не смета дека е потребно и во моментов не покажува намера да ја исполни желбата на италијанскиот стратег.
Фран Гарсија, Браим Дијаз, Џуд Белингем и Хоселу се играчите со кои Реал потпиша во последните денови, но ниту еден од нив не е вистинска замена за Карим Бензема.
Францускиот напаѓач реши да замине во Саудиска Арабија и тоа може да биде проблем за Реал бидејќи минатата сезона постигна 31 гол на 43 натпревари.
Хари Кејн и Килијан Мбапе се идеите на Карло Анчелоти за напаѓачката позиција во Реал Мадрид. Извори блиски до него тврдат дека тој е разочаран од одговорот на клубот и имал жестока размена со Флорентино Перез. Свесен е дека секој лош резултат ќе се одрази на него.
Лаутаро Мартинез и Виктор Осимен се напаѓачи кои исто така се поврзуваа со евентуална преселба во Реал Мадрид, но засега сето тоа не се реализира.