Фудбал
Казахстанците против Финска покажаа дека не се наивна репрезентација
Првиот натпревар од 4.коло во групата Ф од квалификациите за СП се одигра денеска во 15 часот во Хелсинки. Финска беше домаќин на Казахстан и на крајот дојде до многу важна победа со резултат 1:0, но гостите беа, благо речено, рамноправен противник и можеби заслужија многу повеќе од овој резултат.
Добро се снајдоа со фаворизираните Финци, но Похјанпало успеа да најде начин до гостинската мрежа во 60. минута и да ја обезбеди првата победа на Финска по ремито против БиХ и Украина.
Тоа беше првиот фински играч кој постигна барем еден гол на седум последователни натпревари.
Казахстанците остануваат на два бода, но ќе се обидат да освојат нови бодови против БиХ во вторник.
Standings provided by SofaScore LiveScore