Connect with us

Кошарка

Казинс ќе дебитира за „воините“ против ЛА Клиперс

По долга пауза поради повреда, Демаркус Казинс своето деби во дресот на шампионато Голден стејт ќе го има до крајот на месецов. Оваа информација ја потврди и предводникот на „воините“, Стив Кер.

Популарниот „Буги“ ја повреди Ахиловата тетива пред една година на мечот со Хјустон, додека беше играч на Њу Орлеанс. Следуваше операција и нешто подолг период на рехабилитација, но и потпис на едногодишниот договор со Голден стејт.

Како што пренесува ЕСПН, кошаркарот ја разгледувал опцијата да се врати на теренот на 16 јануари, кога шампионите треба да им гостуваат на „пеликаните“. Но, управата на клубот од Оукленд одлучила тоа да биде на дуелот со Лос Анџелес Клиперс, односно два дена подоцна.

  • Тоа е некој рамковен термин. Тешко е да се каже на кој натпревар ќе заигра. Но, да, тоа би требало да биде до крајот на јануари, вели тренерот Кер, кој додаде дека се ќе зависи од конечната оценка на лекарскиот тим.

Веќе неколку недели Казинс тренира со првиот тим, откако претходно работеше и во оној кој се натпреварува во развојната лига.

Резултати: Бостон – Индијана 135:108, Вашингтон – Филаделфија 123:106, Бруклин – Атланта 116:100, Хјустон – Милвоки 109:116, Мемфис – Сан Антонио 96:86, Њу Орлеанс – Кливленд 140:124, далас – Феникс 104:94, Јута – Орландо 106:93, Портланд – Чикаго 124:112, ЛА Лејскес – Детроит 113:100.

Реклама
Реклама

Повеќе од Кошарка

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com