Фудбал
Казна од 5 илјади евра за Елмас и дружината, откриено кој е иницијатор за протестот
Во Наполи на сила е „молкот“, клубот издаде соопштение, но нема повеќе да реагира за побуната на фудбалерите по мечот со Салцбург, кога наместо во карантин тие заминаа дома.
Според италијанските медиуми Де Лаурентис одлучил да ги казни Елиф Елмас и дружината по 5 илјади евра за непочитување на наредбата на клубот.
Воедно италијанските медиуми пишуваат дека предводници, осносно иницијатори на побуната се Каљехон и Мертенс. На двајцата им истекуваат договорите, тие ќе бидат казнети, но и продадени. Навивачите се на страната на Де Лаурентис, бидејќи сметаат дека фудбалерите го издале клубот.
Според италијанските медиуми во летниот преоден рок Наполи подготвува револуција, неколку нови фудбалери и нов тренер. На местото на Анчелоти би можел да дојде Спалети.