Connect with us

Фудбал

Казна за Рома од УЕФА, мајмунски крици од навивачите до поранешниот играч на Рома, Антонио Рудигер

Гигантите од Серија А, Рома, ја очекува казна од УЕФА поради расистичко навивање за време на мечот против Челзи на гостувањето во Лондон, а во рамките од Лигата на шампионите.

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против Рома, бидејќи од делот на стадионот каде се наоѓаа италијанските навивачи, а во моментот кога не теренот се појави Антонио Рудигер се слушале недолични (мајмунски) крици упатени на адреса на германскиот репрезентативец.

Рома ја очекува казна за расистичко навивање упатено на сметка на поранешниот член на римскиот клуб кој во Лондон допатува од Рим за сума од 35 милиони евра.

Одлуката за висината на казната за Рома, дисциплинското тело УЕФА ќе се изрече на 16 ноември.