Connect with us

Фудбал

Ќе ги научи на дисциплина-Де Роси стана хит со реакцијата кога негов играч го праша уште колку време има до крајот на мечот (ВИДЕО)

Де Роси го замени Мурињо на клупата на Рома и го препороди овој тим. Освен што во континиутет забележува добри резултати, Рома синоќа успеа да го елиминира Милан, со две победи за една недела 0:1 и 2:1 и да се пласира во полуфиналето на Лига Европа со можност секкао да се бори за трофеј.

А, токму неговата реакција на синоќешниот меч стана хит на социјалните мрежи. Имено, на неколку минути пред крајот Љоренте дотрча до него и го праша уште колку останало до крајот, а тој со бурна реакција  му кажа да го праша судијата директно, а не него и му го покажа местото дека му е на теренот.