Connect with us

Тајмаут

Ќе го бодри Хајдук против Виљареал: Бујното деколте на Мирта Шурјак ги полуде Шпанците

Фудбалерите на Хајдук ќе играат на гости кај Виљареал во првиот плеј-оф натпревар за Конференциската лига.

 

Хајдук успеа да се пласира во плејофот за конференциската лига, но хрватскиот клуб се соочи со еден од најтешките можни противници.

 

Клубот од Пољуд отпатува за Шпанија, каде денес го игра првиот натпревар против Виљареал, кој очигледно е голем фаворит во оваа пресметка.

Фудбалерите на Хајдук синоќа го одработија последниот тренинг на стадионот на кој денес ќе се игра овој натпревар.

 

Сепак, пред овој меч во центарот на вниманието се најде хрватската новинарка Мирта Шурјак, која со својот изглед во Шпанија засени се.

 

Мирта дојде во Валенсија да го следи натпреварот на својот сакан клуб, а објави и фотографија од тренинг центарот на тимот на Виљареал.

 

Шпанците се воодушевени од изгледот на хрватската новинарка која се најде во центарот на вниманието, а во преден план беше нејзиното бујно деколте.

 

По објавувањето на фотографијата на Инстаграм, Мирта доби речиси 4.000 лајкови и одлични коментари во кои многумина го пофалија нејзиниот одличен изглед.

Потсетуваме, натпреварот помеѓу Виљареал и Хајдук се игра вечерва со почеток од 20:45 часот.