Фудбал
Кејн е прескап за Реал
Претседадетолот на Реал Мадрид, Флорентино Перез изјави дека не е заинтересиран за трансфер на напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн поради високата откупна клаузула која изнесува 250 милиони евра.
– Кејн е одличен играч, но ние не сме се интересирале за него поради тоа што сопственикот на Тотенхем ќе бара 2050 милиони евра. Пред Кеј е светла иднина, но и ние имаме одличен напаѓач, Карим Бензема, изјави Перез.
Во моментов најскапиот трансфер на фудбалскиот пазар изнесува 222 милиони евра што ПСЖ ги плати за Нејмар при неговото доаѓање од Барселона.