Connect with us

Други спортови

Кејн и Покетино му приредија спектакл на Марадона и Коби Брајант на Вембли

И покрај присуството на Диего Марадона на Вембли, друга спортска легенда му го привлече вниманието на Хари Кејн за време на натпреварот на Ливерпул со Тотенхем.

Коби Брајант, петкратниот НБА шампион и еден од најдобрите кошаркари на сите времиња беше почастен со спектакл, бидејќи Спарс на елегантен начин стигнаја до 6та победа во премиер лига.

“Тој е еден од најдобрите во светот. Тој беше тука и затоа беше добро да се одигра најдобро што можевме”, изјави Кејн за Sky Sports.

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, кој повторно се сретна со поранешниот тимски колега Марадона, исто така беше задоволен што можеше да приреди спектакл пред две легендарни иммиња.

“Многу сум среќен за нашите навивачи, Диего Марадона, Коби Брајант … фантастичен ден за нас”, додаде тој.