Фудбал
Кејн паузира еден месец
Бомбардерот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Хари Кејн, поради повреда ќе отсуствува од фудбалските терени околу еден месец, објави „Телеграф“.

Капитенот на Англија го повреди зглобот на првенствениот натпревар против Манчестер Јунајтед кој заврши со минимален триумф на “црвените ѓаволи” од 1:0.
Поради незгодната повреда, под знак прашалник е неговиот настап на првиот 1/8 финален дуел од Лигата на шампиони, во кој “петлите” за противник ќе го имаат германскиот гигант Борусија од Дортмунд.
Во актуелната сезона, Кејн одигра 31 натпревар на кои постигна 20 погодоци и запиша пет асистенции.