Connect with us

Кошарка

Кер: НБА плејофот е ролеркостер

Тренерот на Голден стејт, Стив Кер призна дека очекувал тешки натпревари против Хјустон во финалето од плејофот на Западната конференција.

Хјустон во четвртиот натпревар го совлада актуелниот шампион со 95:92 и изедначи во финалната серија со 2:2.

–  Минатата сезона беше лесно, но годинава воопшто не е така. Ова е НБА плејоф, односно емотивен и физички ролеркостер.  Меѓутоа, мора да продолжите да се движите, истакна Кер.

Следниот натпревар од финалната серија меѓу Голден стејт и Хјустон се игра ноќта меѓу четврток и петок.