Connect with us

Фудбал

Ќерката на Пеле: Поради тебе сме тоа што сме. Те сакаме бескрајно

Ќерката на кралот на фудбалот Пеле го почести споменот на својот татко со трогателна фотографија на Инстаграм. На фотографијата се гледаат роднините на фудбалската легенда како го држат за раце во последните моменти, пишува весникот „Дејли мејл“.

Под објавата Кели Насименто напиша: „Ние сме тоа што сме поради тебе. Те сакаме бескрајно. Почивај во мир“.

Потсетуваме, бразилската фудбалска легенда почина на 82-годишна возраст по 14-месечна борба со ракот. Последните денови ги помина во болница опкружен со семејството.