Connect with us

Кошарка

Керол останува во Реал до 2020 година

Еден од најдобрите шутери во Европа, Џејси Керол, го продолжи договорот со Реал до 2020 година, објавија на веб-страницата на клубот.

Одличниот американски кошаркар, за разлика од неговите сонародници ширум Европа, игра во истиот тим веќе осма сезона, со која лани стана шампион, по Ф4 турнирот во Белград.

До титулата во елитното натпреварување, Керол му помогна на гигантот од Мадрид со 9,4 поени во просек, но со одличен процент од три поени – 45,8 отсто.

Вкупно со Реал освои 16 трофеи, меѓу кои и два од Евролигата и три титули шампион на Шпанија.

Керол (35) претходно играше за италијанскиот клуб Терамо и шпанска Гран Канарија.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Кошарка

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com