Кошарка
Кевин Лав призна дека има психички проблеми
Крилото на Кливленд Кавалирс, Кевин Лав призна дека има психички проблеми, поради кои побарал медицинска помош во текот на оваа сезона, а моментно е подложен на терапија.
Дваесет и девет годишниот Лав призна за „The Players Tribune“ дека добил прв паничен напад на 5 ноември за време на натпреварот на Кливленд со Атланта Хокс. Тој открива дека имал болки во стомакот и не може да земе воздух.
– Се појави одеднаш. Никогаш порано не ми се случило такво нешто. Не знаев дали тоа што ми се случи тогаш беше вистинско. Но се покажа дека е така. Навистина ја скршив раката и го повредив глуждот. Од тој ден мислам сосема поинаку за своето ментално здравје, напиша Лав.
Кошаркарот на Кливленд Кавалирс, кој оваа сезона има во просек 17,9 поени и 9,4 скока по натпревар, додава дека „менталното здравје е нешто невидливо, но тоа го засега секој дел од нас на еден или друг начин“.
– Тоа е дел од животот и никогаш не знаеш низ што минува човек, нагласува поранешниот играч на Минесота.
Лав се опоравува од скршеницата на раката, повреда со која се здоби на крајот од јануари.