Фудбал
Кевин-Принц Боатенг вели дека неговото вистинско име му е Келвин, грешка направиле во неговиот извод
Кевин-Принц Боатенг откри дека не му се допаѓа своето име, кое му било дадено поради грешка на неговиот извод од матичната книга на родените.
„Не ми се допаѓа моето прво име. Требаше да се викам Келвин, тоа ќе беше подобро. Никој не знае како се случила грешката во документите. Во болницата лошо напишале, а мојата мајка по породувањето имаше операција и не можеше да ја исправи грешката“, изјавил за телевзија од Гана, Боатенг.
Овој 30-годишен фудбалер, летото од Лас Палмас се врати во Германија, а во кариерата играл за Тотенхем, Борусија Дортмунд, Портсмут, Милан и Шалке 04.