Connect with us

Фудбал

Киелини ќе престане да игра фудбал доколку Италија не се пласира на Светското првенство во 2022 година

Легендата на Јувентус и италијанскиот фудбал би можел да ја заврши кариерата доколку составот на „аѕурите“ не успее да се пласира на Светското првенство во 2022 година, пишува „Газета дело спорт“.

Летото централниот дефанзивец го обнови договорот со „бјанконерите“ до крајот на сезоната 2022/2023.

Идејата на фудбалерот била да учествува на Светското првенство во Катар.

Сепак, учеството на Италија на Мундијалот е многу под знак прашалник, бидејќи момците на Роберто Манчини не успеаја да ја освојат својата квалификациска група и со тоа директно да се квалификуваат на форумот.

Наместо тоа, ескадронот на „аѕурите“ ќе мора да помине низ баражи. Првиот ривал е Северна Македонија. Доколку Италијанците се справат со овој противник, тогаш ќе се сретнат со победникот од двојката Турција – Португалија. Натпреварите се во март.

Според „Газета дело Спорт“, доколку Италија не се пласира на СП 22, Кјелини на лето ќе одлучи дали ќе продолжи да игра или ќе ја заврши кариерата една година пред да му истече договорот со Јуве.