Кошарка
Кинг Џејмс заминува кај неговиот најдобар другар
Еден од најдобрите кошаркари во денешницата, Леброн Џејмс, би можел да ја промени клупската средина ова лето. “Кралот” одлучи наредната сезона да стане слободен играч, откако не го продолжи договорот со Кливленд, па уште од сега неколку екипи пројавија интерес за неговите услуги.
Иако неговото име се поврзуваше со тимот на Лос Анџелес Лејкерс, сепак за Леброн пристигнува голема понуда од Хјустон. Според американските медиуми, “ракетите” се подготвени да издвојат 35 милиони долари годишно. Исто така од клубот најавуваат дека сакаат да го задржат и Крис Пол, па доколку се реализира овој трансфер би можеле да имаме уште едно кошаркарско трио во еден НБА клуб.
Џејмс Харден, Леброн Џејмс и Крис Пол звучи перфектно, а несомнено и сигурен атак кон шампионската титула во НБА лигата. Би било интересно да се види ова трио во ист дрес, но за вакво сценарио ќе почекаме уште малку.