Ракомет
Кире Лазаров доби уште едно големо признание
Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров доби уште едно признание. Тој беше избран меѓу десетте најдобри ракометари за 2018 година. Лазаров имаше одлични настапи во дресот на националниот тим во првата фаза на ЕП во Хрватска, предводејќи го Нант и до место во големото финале од Лигата на шампионите. Воедно, Лазаров во Келн стана најдобар стрелец во историјата на фајналфор турнирите, па апсолутно заслужено се најде на списокот што европската куќа на ракометот го објави утрово.

Покрај Лазаров, место во Топ 10 има за уште еден член на Нант, голманот Сирил Димулан. Французинот е еден од тројцата голмани во ова избрано друштво, заедно со Винсен Жерар од Монпелје и Арпад Штербик, кој добрите игри од Вардар ги продолжи во дресот на Веспрем.
Меѓу десетте најдобри ракометари за 2018 се најдоа уште Алекс Душебајев, кој е предводник на тимот на Киелце. Најдоброто од 2018 го комплетираат Диего Симоне, кој беше избран за МВП на Ф4 турнирот во Келн, потоа Анди Шмид од Рајн-Некар Левен, норвешкиот пивот на Скјерн, Барте Мирхол, како и бековскиот тандем на ПСЖ, Недим Ремили – Сандер Сагосен.