Connect with us

Ракомет

Кире Лазаров го напушти проектот Голден Арт КЛ7

Селекторот на македонската ракометна репрезентација и најдобар македонски ракометар Кире Лазаров го напушти проектот Голден Арт КЛ7, односно најмладиот ракометен клуб член на најдобрата лига.

По заминувањето на Лазаров клубот ќе се ребрендира, ќе добие ново има и нова сопственичка структура. Најавуваат дека компаниите „Голден Арт“ и „Рехау“ ќе останат дел од проектот, а клубот ќе продолжи да егзистира.

Мнозински сопственик досега беше компанијата Голден Арт со 50 отсто, потоа Компанијата Рехаи, но и Милчо Чакаревски имаа по 12,5 отсто, а Лазаров 25 отсто од акциите. Сега, се разбира сопственичката структура ќе се менува.

-За сето ова дознавме уште кон крајот на декември, кога Лазаров едноставно го откажа проектот. Не знам дали целта беше клубот да престане да постои, меѓутоа ние како одговорни луѓе кои водиме одговорни компании, а зборувам во името на Рехау и Голден Арт, главните финансиери, не можеме туку така да кажеме пријатно. Бидејќи, овде има многу млади играчи чии родители ни ја пружија нивнта доверба, вели Сашко Даев, претседател на тимот и сопственик на Рехау.