Connect with us

Ракомет

Кире Лазаров го објави списокот на ракометари, ги враќа Миркуловски и Манасков

Селекторот на Македонската сениорска репрезентација г-дин Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари со репрезентацијата на Данска за ЕУРО 2020.

Третиот натпревар во квалификациската групна фаза сениорите ќе го одиграат на 11.03.2021 (четврток) против репрезентацијата на Данска во СЦ “Борис Трајковски”.

Четвртот натпревар ќе се одигра во Алборг, Данска на 14.03.2021 (недела).