Connect with us

Ракомет

Кире Лазаров го објави списокот за Чешка

Лазаров го соопшти поширокиот список за двомечот против Чешка

Селекторот Кирил Лазаров го објави поширокиот список од 35 ракометари за претстојниот двомеч со Чешка за пласман на Светското првенство во Полска и во Шведска од 11 до 29 јануари догодина.

Натпревароот со Чешка во Злин е на 13 април од 20:15 часот, додека реваншот е на 17 април во Скопје од 19:00 часот.

Конечниот список ќе биде затворен откако ќе се реализира подготвителната програма.