Ракомет
Кире Лазаров го скрати списокот, еве на кои ракометари смета
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за собир за претстојните натпревари во рамки на 2023 Men’s World Championship Qualification Europe Phase 2 Part 1.
Во рамки на EHF неделата сениорксата репрезентација на Македонија ќе го одигра првиот бараж натпревар за пласман на 2023 Men’s World Championship кое ќе се одржи во Полска и Шведска. Противник во баражот на сениорите е репрезентацијата на Романија.
Собирот е закажан за ден 13.03.2022 (недела) со почеток во 20.00 часот во Хотел Александар Палас во Скопје.
