Ракомет
Кире Лазаров го состави списокот за пресметките со „Фараоните“, без Столе Стоилов
Македонската ракометна репрезентација денеска патува за Каиро каде утре и во сабота ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Египет, а селекторот Кирил Лазаров во Скопје остави четири ракометари. Лазаров нема да може да смета на четири ракометари кои ги одработија подготовките во Скопје, а тоа се Стојанче Стоилов, Петар Атанасијевиќ, Градимир Чаневски и еден помеѓу Томислав Јагуриновски и Марко Митев.
Ќе бидат одиграни два натпревари. Дуелите се предвидени за петок и сабота во 18 часот.
СОСТАВ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ДУЕЛИТЕ ПРОТИВ ЕГИПЕТ
ГОЛМАНИ: Никола Митревски, Мартин Томовски
ЛЕВИ КРИЛА: Бојан Маџовски, Цветан Кузмановски
ЛЕВИ БЕКОВИ:Филип Талески, Филип Кузмановски, Павле Атанасијевиќ, Михајло Младеновиќ
СРЕДНИ БЕКОВИ: Филип Миркуловски, Марко Мишевски, Игор Ѓоргиев, Марко Митев
ДЕСНИ БЕКОВИ: Мартин Велковски, Мартин Серафимов
ДЕСНИ КРИЛА: Гоце Георгиевски, Ненад Костески
ПИВОТИ: Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Кристијан Симоноски